Ракометарките на „мегдан“ против Србија за прва европска радост!

128

Македонската женска репрезентација и натаму е без победа на Европското младинско првенство кое се одржува во Романија.

По трите порази во групната фаза, избраничките на Јулијана Дамчевска вчера беа совладани од Норвешка во разигрувањето од 9. до 16. место. „Црвено-жолтите“ оваа негативна низа ќе имаат шанса да ја прекинат денеска (12 часот) кога се среќаваат со селекцијата на Србија.

Со оглед на тоа дека Македонија е последна во новоформираната група, сигурно е дека ќе оди во групата која ќе се бори за пласман од 13. до 16. место, но прашањето е од која позиција.

Победата ќе биде дополнителен мотив за ракометарките за финишот на овој шампионат. Но, нема да биде лесно, српските ракометарки освоија бод против Чешка, не смее да се повтори вчерашниот меч.

ПретходноНоле по полноќ го дигнал тимот на нозе, Иванишевиќ во три часот наутро имал полни раце работа!
СледноНепроценливо богатство: Војдан и Дамјан остануваат во МЗТ Скопје!