Ѓоковиќ пред полуфиналето: Не сакам да бидам арогантен, но јас сум фаворит!

340

Новак Ѓоковиќ го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљев и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Србинот израмни уште еден рекорд на Роџер Федерер. Ова е негово 12. пласман во полуфиналето на Вимблдон. Србинот во полуфиналето го чека Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ е во Лондон оди по својата 24. Грен слем титула во кариерата, доколку ја освои ќе го достигне рекордот на Маргарет Корт, најуспешна од сите во машка и женска конкуренција.

Минатата година Синер и Ѓоковиќ се сретнаа во четвртфиналето.

„Не сакам да бидам арогантен, но секако се чувствувам како фаворит. Судејќи според резултатите што ги имав во мојата кариера и на последните четири Вимблдони се сметам себеси за фаворит. Често игравме речиси во исто време, но јас го гледав неговиот прв сет на последниот меч. Сака да игра на брзи подлоги, сака да биде агресивен. Силно удира и форхенд и бекхенд и сака да ја диктира играта. Го познавам добро. Тој е комплетен играч и едвај го чекам натпреварот. Тој ќе биде мотивиран, како мене, па ќе видиме што ќе се случи“.

ПретходноЕмотивно збогување на Давор Здравковски со АЕЛ Лимасол!
СледноБесмир Бојку: Одличен натпревар на Струга ТЛ, сега ќе се решава на реваншот во Охрид!