Се чини дека многу блиску сме до супер спектакл на Вимблдон, до мега – пресметка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз во финалето.
Сепак треба и двајцата да минат уште по една пречка, а Алкараз попладне со 3:0 во сетови го победи Руне, и со тоа си закажа полуфинале со Медведев.
Шпанецот покажа дека е во голема форма, имаше проблеми во првиот сет но го доби со тајбрејк. Во вториот сет беше 6:4 за Алкараз, исто беше и во третиот сет.
Интересен и квалитетен тенис, нема што.
Сепак допрва следува вистинското.