Ардијан Нухиу – Шкендија: Противникот е добро анализиран, ние треба да ја одиграме нашата игра!

143

Шкендија утре со почеток од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе ја одигра првата средба од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Противникот е тотален анонимус, Хаверфордвест од Велс. Клуб на кого ова ќе му биде второ излегување во Европа.

Повеќе од јасно е дека нашиот претставник на овој двомеч треба да се загрева за тоа што следува.

Денеска на прес-конференција, свое видување даде тренерот на тетовци Ардијан Нухиу:

Да кажам дека сум задоволен од тимот на Шкендија кој го начекав тука. Веќе 40 дена сум во клубот и веќе се знаеме добро. За новаците можам да кажам дека се засилувања, но им треба уште време за целосна адаптација. Прифатени се супер. Околу составот и тактиката за утрешниот меч ќе знам дефинитивно после вечерашниот тренинг“ посочи Нухиу и дополни…

Секако дека сме задоволен од тоа што го гледам на теребот. Им верувам на играчите, но за се треба време секако. Со Дрита имав успех а ќе оставам теренот и резултатите да говорат за мојата работа во Шкендија“.

Во врска со засилувањата:

Секој тренер сака што повеќе играчи во тимот, но во моментов јас сум задоволен од тоа што го имам. На подготовките видов со што располагам. Преодниот рок за нас не е завршен, но нема да купуваме по секоја цена. Шкендија секогаш е во игра за засилувања“ констатира Нухиу.

За тоа како ќе одигра Шкендија утре, Нухиу посочи:

Треба да се сконцентрираме на тоа што ќе играме ние. Го анализиравме противникот, имаат 4-5 нови имиња. Сепак ние трева да ја одиграме нашата игра. Филозофијата и визијата што ја имам во главата, ќе се обидам да ја пренесам на терен“

ПретходноРакометарките немоќни и против Србија, ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место!
СледноЕнур Тотре: Шкендија има квалитет за пласман во групната фаза!