Во 2011 година Барселона го пушти тогаш младиот и перспективен дефанзивен играч за врска Ориол Ромеу во Челзи. Ромеу се истакна во Б тимот на Барселона, па во сезоната 2010/11 беше прекомандуван во сениорскиот тим каде одигра само еден првенствен меч па беше продаден во Челзи.
Но и во Челзи не се изнаигра па беше позајмуван во Валенсија и Штутгарт, а најмногу се задржа во Саутемптон, од 2015 до 2022 година за кој одигра 217 првенствени натпревари. Во јуни 2022 година отиде во Џирона, а сега Барселона ќе го купи од таму за 8 милиони евра, пренесуве каталонски „Спорт“.
Ромеу кој има 31 година се враќа во матичниот клуб за да му помогне во одбрана на шампионската титула.
🚨 The signing of Oriol Romeu at Barcelona is only a matter of hours! ⏳
An agreement with Girona has been reached for around €8m. 🤝🇪🇸
(Source: @sport ) pic.twitter.com/H22016rSMj
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 12, 2023