Вчера Струга Трим Лум во своето деби во квалификациите во Лигата на Шампионите, одигра навистина добро, квалитетно. Стружани во секој поглед во најмала рака беа рамноправен ако не и подобар тим од Жалгирис на негов терен во рамките на 1.квалификациско коло. На крај исходот беше 0:0, па така се шансите за минување во следната фаза на нашиот шампион драстично растат ако се знае дека вториот дуел од овој двомеч ќе се игра во Охрид.
За тоа како беше на првиот меч во Вилнус, за „Спортмедиа“ свој коментар имаше Бесмир Бојку, еден од најдобрите во таборот на нашиот шампион.
“Одличен натревар на Струга Трим Лум. Беше вистинско уживање да се игра на овој меч, да се биде учесник. Имавме шанси да победиме, и тоа во три наврати и тоа како опасно се заканивме, но и домашниот состав си имаше свои шанси. Веројатно ремито е најреален исход. Сега се ќе се решава во Охрид, имаме голема шанса да дојдеме до 2.квалификациско коло во ЛШ, но тоа ќе треба да се избори на терен со уште подобар настап“ заврши играчот за врска на Струга ТЛ.