Бразилецот Педрињо пристигнува во Вардар

5378

Во екот на големата битка, пред се на навивачката група Комити да се спаси ФК Вардар од тотален колапс, а во пресрет на неговото враќање во ПМФЛ шампионатот, како така тимот мора летово да се засили со новитети кои ќе го направат „цврено – црниот табор што поконкурентен.

Домашниот пазар е лимитиран, тоа одамна се знае па како и во поголемиот број на случаји кога се сака да се доведе квалитетно засилување се посегнува по интернационалци.

На Вардар напаѓачите од Бразил не му се непознаница, ги имал доста во минатото, а Спортмедиа дознава дека и следната сезона ќе има таков во составот. Се работи за офанзивецот Педрињо кој последно бил дел од бугарскиот тим Минјор Перник, а има искуство и со играње во Австрија, односно Германија во пониските лиги.

Има 26. години и може добро да се снајде и на позицијата, „десетка“ но и на крилната  десна позиција.

ПретходноМиленкоски в понеделник ги собира репрезентативците: 20 кандидати за Еуроволеј 2023
СледноРакометарките немоќни и против Србија, ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место!