Енур Тотре: Шкендија има квалитет за пласман во групната фаза!

130

Енур Тотре по враќањето во Шкендија сега е главниот столб на тимот на тетовските “црвено – црни“. Средниот ред не може да се замисли без повремениот репрезентативец на Македонија.

И Тотре даде свој коментар за утрешниот дуел со велшкиот Хаверфордвест во рамките на 1.квалификациско коло во ЛК, кој се игра на Арената во Скопје од 20 часот:

Среќен сум што бев дел од таа генерација на Шкендија која имаше успеси во Европа. Сега сме тука само јас и Захов. И овој тим има капацитет и квалитет да стигне онаму каде што тогаш за малку не успеавме, во групната фаза. Одиме меч по меч. На подготвките во Словенија имавме четири меча, со тоа мислам дека ја постигнавме целта што се однесува до воиграноста. Мислам дека ќе биде добро“ оптимист е Тотре.

ПретходноАрдијан Нухиу – Шкендија: Противникот е добро анализиран, ние треба да ја одиграме нашата игра!
СледноБожидар Мојсов е нов тренер на РК Прилеп!