Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува победнички на Челенџерот во Јаши, Романија. Денеска, во осминафиналеро, со пресврт го совлада домашниот тенисер Јану Филип Кристијан со пресврт.
Првиот сет нашиот тенисер го загуби со 3:6, но наредните два ги доби со 6:4 и 6:3 и избори место во следната рунда.
Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Стивен Диез од Канада.