Лапорта: Имаме подобар тим од Реал, нашите играчи се далеку пред нивните!

1649

Арда Гулер беше претставен во Реал Мадрид како нов играч на клубот. Младиот турски играч од средниот ред ги одби понудите од други клубови, меѓу кои и Барселона, и пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Реал за младиот турски напаѓач на Фенербахче му искешира 20 милиони евра, а за него проговори и претседателот на Барселона Жоан Лапорта.

„Имаме подобар тим од Реал Мадрид. Не е само прашање на тимот, имаме и подобри играчи индивидуално. Тие се далеку пред Реал. Знаеме што сака тренерот Чави. Ни недостигаат бек и играч од средниот ред за исполни ги сите негови барања“, започна шефот на Барселона и додаде:

„Имавме договор со Гулер и бевме подготвени да му платиме на Фенербахче 17,5 милиони евра. Потоа се појавија други клубови како Реал и платија многу повеќе. Тогаш решивме да не влегуваме во тендерска војна, имаме други добри играчи. Можевме да се натпреваруваме за него, но не сакавме. Не сме за него и нема да бидеме ниту за други. Имаме одредени критериуми и ги почитуваме. Не сакаме да се враќаме назад“. 

ПретходноБесмир Бојку: Одличен натпревар на Струга ТЛ, сега ќе се решава на реваншот во Охрид!
Следно„Треска Меси“ во Мајами (ВИДЕО)