Милевски останува селектор, неговата работа е на “тапет“ на УО на ФФМ!

4334

Како што дознава „Спортмедиа“, Благоја Милевски и натаму ќе биде селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Според нашите информации, на денешната седница на УО на ФФМ, како што беа и најавите, станало збор за неговата работа во изминатите две години, гласно се размислувало што понатака, но барем засега не е одлучено тој да си замине.

Сепак не значи дека на некоја од наредните седници, УО на ФФМ нема да му врачи отказ.

Од друга страна треба да се биде реален. Милевски веројатно останва и поради фактот дека засега нема некој посериозен кандидат за негов наследник, но и поради тоа дека кој и да дојде го чека пекол во квалификациите за ЕВРО 2024.

Се очекува набргу од страна на ФФМ и официјално оваа вест да се потврди, иако работата на Милевски и натаму ќе биде на “тапет“ на челниците на нашата фудбалска федерација.

ПретходноКристијан Пулишиќ пристигна во Милано (ВИДЕО)
СледноНаталија Илиевска Божиновска е нов Генерален секретар на ФФМ!