Ноле по полноќ го дигнал тимот на нозе, Иванишевиќ во три часот наутро имал полни раце работа!

11934

Новак Ѓоковиќ е во полуфиналето на Вимблдон, откако го совлада Андреј Рубљев. Српскиот тенисер на секој меч влегува со целосна анализа за противникот, а за тоа говори и информацијата која се појави после мечот со Хуберт Хуркач кој се играше два дена.

Во текот на ноќта помеѓу паузата и продолжението на натпреварот, Ѓоковиќ алармирал својот тим, а неговиот тренер Горан Иванишевиќ имаше полни раце работа. Ноле се налутил бидејќи лошо ги читал сервисите на противникот, па побарал од Иванишевиќ да го анализира сервисот на Хуркач во првите два сета.

Пат Кеш, победник на Вимблдон во 1987 година, изјави за Би-Би-Си дека Иванишевиќ бара видео материјал три часа по полноќ. Тој барал видео матријал со забавена снимка од враќањето на сервисот на Новак против Хуркач.

Претходно„Треска Меси“ во Мајами (ВИДЕО)
СледноРакометарките на „мегдан“ против Србија за прва европска радост!