Откако ја „смачкаа“ Бугарија, младинците против Ирска за печат на четвртфиналниот билет!

139

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години е на чекор до пласманот во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Генерацијата која полека, но сигурно, ќе се наметнува во сениорскиот состав, вчера имаше одлична партија против Бугарија, и поентерски и дефанзивно.

Избраниците на Никола Василев ја запишаа втората победа во својата група и се наоѓаат пред портите на четвртфиналето. А за таму им треба триумф над Ирска, меч кој се игра денеска во „Кале“ со почеток во 18:30 часот.

Победа за Македонија не само што ќе значи чекор напред кон битката за елитната А Дивизија, туку и прво освоено место во групата.

Ирска e претпоследна во нашата група А, претходно по продолжение ја совлада Словачка, репрезентација против која нашите младинци беа убедливо подобри.

ПретходноЈокиќ „собра“ уште едно големо признание!
СледноМиленкоски в понеделник ги собира репрезентативците: 20 кандидати за Еуроволеј 2023