Брегалница продолжува со добрите игри во текот на овие летни подготовки на пријателските средби. Така денеска во Штип, успеа со 2:1 да слави над Дубочица, тим од Србија.
Тимот на стратегот Горан Здравков поведе со голот на Колин Андерсон во 40.минута, за да на 2:0 зголеми Николов од пенал во 47.минута. Гостите го ублажија поразот на 2:1 со гол на Васиќ во судиското продолжение.
Пријателски меч одигра и екипата на Брера Струмица и тоа во Банско, против тимот на Селимбар од Романија. Резултатот беше 0:0.