Ракометарките немоќни и против Србија, ќе разигруваат за пласман од 13. до 16. место!

101

Македонската ракометна женска репрезентација го запиша петтиот пораз на Европско младинско првенство кое се одржува во Романија. Ако вчера „црвено-жолтите“ одиграа далеку подобар меч и беа во позиција да дојдат до триумф, денеска сликата на теренот беше поинаква.

Србија се покажа како силен противник, а за тоа говори и убедливиот пораз од 30-19. Ова значи дека селекторот, Јулијана Дамчевска и нејзините избранички ќе се борат за пласман од 13. до 16. место, а таму за противници ќе ги имаат Хрватска и Исланд.

Името на победникот на оваа средба беше решен уште по првото полувреме, по кое противникот водеше со шест гола разлика (14-8).

Србија отвори со серија од 7-1, на другата страна Македонија вториот гол го постигна во 12 минута преку Дукоска. Во 24 минута, српските ракометарки поведоа со 14-6. Јанкулоска со два гола успеа да намали на 14-8 на одморот.

Во продолжение не се промени ништо, по шест минути игра Србија имаше 19-9, водеше и со 23-21. До крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.

Нестороска со пет гола од седум обиди неше прв стрелец во нашите редови, еден помалку имаше Ризоска, додека стрелец на три гола беше Стефаноска.

ПретходноБразилецот Педрињо пристигнува во Вардар
СледноАрдијан Нухиу – Шкендија: Противникот е добро анализиран, ние треба да ја одиграме нашата игра!