Колштад е во голема финансиска криза. Норвешкиот првак јавно призна дека не може да ги исплати договорените плати на дел од ракометарите, па ќе инсистира на намалување на истите за да ја преброди кризата.
Прв кој ќе му пружи рака на тимот е главната ѕвезда, Сандер Сагосен, кој ова лето доаѓа од редовите на Кил.„Секако, ова е брутална вест за сите кои се вклучени во проектот. Секогаш е жално кога ќе се случи вакво нешто во еден ракометен проект. Сепак, јас никогаш не сум играл ракомет за пари. Стојам цврсто зад проектот и верувам дека на крајот се ќе биде како што треба“, порача Сагосен.
Колштад е прв противник на Пелистер во новата сезона од Лигата на Шампионите, мечот ќе се игра во Битола на 13/14 септември.