ЛШ: Слован киксна против Есперанж, Куцка гризна играч и „поцрвене“ (видео)

346

Денеска се одиграа уште пет натпревари од 1.квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во Братислава, словачкиот првак Слован одигра само 1:1 против Свифт Есперанж од Луксембург. Словаците кои важеа за голем фаворит немаа своја вечер. Се измачија против аутсајдерот и на крајот одиграа реми, па на реваншот ќе мора да одат на победа.

Столц од пенал во 22 минута го доведе Есперанж во предност. Само три минути подоцна Владимир Вајс од слободен удар го изедначи резултатот.
Пред крајот на првото полувреме глупост направи некогашниот словачки репрезентативец Јурај Куцка. Се најде во дуел со еден противнички играч. Двајцата паднаа на тревата, а Куцка го гризна фудбалерот. Судијата по прегледување на ВАР снимка го исклучи играчот на Слован.
Во продолжение Слован се мачеше да го скрши отпорот на противникот. Есперанж извлече реми па на свој терен на реваншот има можност да направи сензација и да го елиминира словачкиот шампион. Победникот од овој дуел ќе игра против Спарта од Прага.

Романски Фарул славеше со 1:0 против Шериф, шведски Хакен за кој играше Филип Трпчевски е на чекор до следното коло затоа што обезбеди 3:1 против ТНС. Хелсинки на Дејан Илиев го победи Ларне со 1:0, а Астана и Динамо Тбилиси одиграа 1:1.

ПретходноПСЖ тргнува по Осимен…првата понуда е 110 милиони евра!
СледноБарса го враќа Ориол Ромеу за 8 мил.евра