Алкараз го “скрши“ Руне и си закажа полуфинале со Медведев!

217

Се чини дека многу блиску сме до супер спектакл на Вимблдон, до мега – пресметка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз во финалето.

Сепак треба и двајцата да минат уште по една пречка, а Алкараз попладне со 3:0 во сетови го победи Руне, и со тоа си закажа полуфинале со Медведев.

Шпанецот покажа дека е во голема форма, имаше проблеми во првиот сет но го доби со тајбрејк. Во вториот сет беше 6:4 за Алкараз, исто беше и во третиот сет.

Интересен и квалитетен тенис, нема што.

Сепак допрва следува вистинското.

ПретходноПријателска: Вардар одигра 1:1 со Арсими!
СледноЕП У-20 Б – дивизија: Македонија се мачеше, но ја победи Ирска и стави печат на четвртфиналето