Шкендија утре со почеток од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе ја одигра првата средба од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Противникот е тотален анонимус, Хаверфордвест од Велс. Клуб на кого ова ќе му биде второ излегување во Европа.
Повеќе од јасно е дека нашиот претставник на овој двомеч треба да се загрева за тоа што следува.
Денеска на прес-конференција, свое видување даде тренерот на тетовци Ардијан Нухиу:
„Да кажам дека сум задоволен од тимот на Шкендија кој го начекав тука. Веќе 40 дена сум во клубот и веќе се знаеме добро. За новаците можам да кажам дека се засилувања, но им треба уште време за целосна адаптација. Прифатени се супер. Околу составот и тактиката за утрешниот меч ќе знам дефинитивно после вечерашниот тренинг“ посочи Нухиу и дополни…
“Секако дека сме задоволен од тоа што го гледам на теребот. Им верувам на играчите, но за се треба време секако. Со Дрита имав успех а ќе оставам теренот и резултатите да говорат за мојата работа во Шкендија“.
Во врска со засилувањата:
“Секој тренер сака што повеќе играчи во тимот, но во моментов јас сум задоволен од тоа што го имам. На подготовките видов со што располагам. Преодниот рок за нас не е завршен, но нема да купуваме по секоја цена. Шкендија секогаш е во игра за засилувања“ констатира Нухиу.
За тоа како ќе одигра Шкендија утре, Нухиу посочи:
„Треба да се сконцентрираме на тоа што ќе играме ние. Го анализиравме противникот, имаат 4-5 нови имиња. Сепак ние трева да ја одиграме нашата игра. Филозофијата и визијата што ја имам во главата, ќе се обидам да ја пренесам на терен“