Во пресрет на новата сезона, прволигашка за Вардар по пауза од две години, нашиот најтрофеен клуб дел од подготовките ќе ги одработи на Златибор. Во овој познат спортско – туристички центар во Србија, вардарци ќе престојуваат од 15 до 27 јули. Во тој период ќе се одиграат и четири пријателски средби и тоа против Металац, Бокељ, Смедерево, Дубочица.
Во продолжение можете да го видите комплетниот распоред на пријателски мечеви на Вардар на Златибор…