Наталија Илиевска Божиновска е нов Генерален секретар на ФФМ!

2290

Денеска се одржа седница на УО на Фудбалската федерација на Македонија. Се расправаше за повеќе прашања и точки, но една од најзначајните е таа дека федарацијата има нов Генерален секретар.

А тоа е Наталија Илиевски Божиновска, која и досега беше една од првите луѓе во ФФМ.

На Филип Поповски му истече вториот четиригодишниот мандат, по што тој и законски не можеше веќе да биде на оваа функција.

На седницата на Управен одбор одржана на ден 12.07.2023 година се донесоа следните одлуки:
Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24.

Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.

Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.

ПретходноМилевски останува селектор, неговата работа е на “тапет“ на УО на ФФМ!
СледноПоради проблемот со визата на Хамиди: Шкупи побара од УЕФА одложување на утрешниот меч со Хегелман!