И натаму од таборот на Шкупи не се престанува со лиферување на сооопштенија до јавноста.
Секако дека тоа е поради неможноста, иако како и лани, Валоид Хамиди да добие виза.
Откако раководството на Шкупи остро го осуди надлежните во оваа држава, па и ФФМ, сега во помирен тон објаснува каде е проблемот и посочува дека е побарано да се одложи утрешниот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции со Хегелман.
Еве го новото соопштение на Шкупи:
„Во проблемот што го имаше нашиот играч Валид Хамиди со визата, ни беше соопштено дека доцнењето се случичо поради тоа што нашиот играч е Алжирец. Во денешниот свет, трагикомично е фудбалер да биде спречен или одложен да учествува на меѓународен турнир поради таква причина. Ова е меѓународен турнир и ова е наш играч! Многу е жално што политиката има толку негативен ефект врз фудбалот. Не треба да се заборави дека е многу вредно за еден фудбалер да учествува во ваква организација, за ова одговараат оние кои го спречуваат тоа и оние кои не си ја вршат својата должност.
Поради овој бесмислен визен проблем, нашиот клуб испрати барање за одложување на натпреварот до УЕФА бидејќи тоа е неправедно за нас. Исто така, од името на нашиот клуб сакаме да му се заблагодариме на г. Бујар ОСМАНИ, министер за надворешни работи на Македонија и г. Сервет Јардимчи, член на Управниот одбор на УЕФА, кој се обиде да ни помогне во овој процес.