Попладнево во пријателски меч одигран на “Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар ремизираше со резултат 1:1 против второлигашот Арсими. Вардар поведе со гол во 30.минута за да гостите успеаја да израмнат со гол во 61.минут за конечни 1:1.
Ова беше уште една контрола за вардарци во пресрет на заминувањето на Златибор каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки.