Раководството на Гостивар започна со градење на ростерот за следната сезона. По продолжувањето на договорот со капитенот на тимот Војче Лефкоски, од клубот го потврдија првото странско засилување.
Нов член на гостиварци ќе биде американскиот центар Крис Остен, кој доаѓа од колеџ-тимот на Индијана Уни. Остен е висок 206 см, минатата сезона постигнувал по 8,8 поени и 5,2 скока по натпревар.
Гостивар во новата сезона ќе биде под водство на тренерот Никола Димитриески, кој доаѓа на местото на Малинков.