ЛК-квалификации: “Лавовите“ на мегдан со силните Летонци!

104

 

Денеска од 17:30 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, Македонија ЃП ќе му домаќин на тимот на РФС од Летонија, во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Со оглед на тоа дека “лавовите“ не беа носители при ждрепката, нормално беше да се очекува дека ќе имаат силен противник уште на стартот во овие квалификации.

А дека Летонците се силен, квалитетен состав, тоа го знаат сите во таборот на “лавовите“. Вчера на пресот тренерот Симов и капитенот Мишевски говореа со респект за противникот, но најавија и голема борба и обид за искористување на секоја шанса да се дојде до добар резултат на овој меч, ако се знае дека реваншот се игра во Летонија.

Судија на овој меч ќе биде Микел Редер од  Данска, а актуелниот освјувач на купот се надева дека ова лето тимот ќе направи нешто што досега не го направил. А тоа е минување на првото коло во квалификациите, тука мислиме на ЛШ, ЛЕ и ЛК. Освен на времето во Интер – тото Купот, Македонија ЃП никогаш не го минала стартното коло, секогаш била елиминирана.

Така беше со Локомотив Софија во 2006, потоа со Бате Борисов во 2009, со Алашкерт во 2019, и лани со ЦСКА Софија.

Во случај на триумф, тогаш “лавовите“ во 2.квалификациско коло ќе се сретнат со Сабах, тим од Азербејџан.

Македонија ЃП попладнево мора да одигра тактички мудро, не смее да се залетува, треба да се биде подготвен на многу работи кога се играат вакви мечеви.

Да, РФС веројатно е во предност, но “лавовите“ никој не смее предвреме да ги отпишува.

ПретходноМитревски доби нов тренер!
СледноВо Баерн Минхен нема место за Мане!