Лотито: Имобиле не е за продавање, но ако некој понуди 50 милиони евра тогаш…

163

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито зборуваше за интересот на клубовите од Саудиска Арабија за напаѓачот Чиро Имобиле.
Немам добиено понуда за Имобиле. Тој ми е како син, не е за продажба. Би го сменил мислењето само ако некој понуди најмалку 50 милиони евра. Дури и тогаш ќе размислам дали би го продал“, го цитира Лотиро новинарот Фабрицио Романо.
Во сезоната 2022/23 Имобиле постигна 14 гола во 38 настапи за Лацио. Тој има договор со римскиот клуб до јуни 2026 година.

ПретходноКампацо и официјално си замина од Црвена Звезда
Следно„Покер“ на Цефас, Шкупи одличен во Литванија, Левски доаѓа во Скопје (ВИДЕО)