Митревски доби нов тренер!

189

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски во следната сезона ќе има нов тренер. Раководството на Порто објави дека договорот со Магнус Андерсон кој дојде во 2018 година е раскинат спогодбено.

Нов тренер на португалскиот првак ќе биде Карлос Ресенде. Станува збор за стратег кој го водеше овој тим од 2006 до 2009 година. Португалската ѕвезда ја водеше Брага и Бенфика, каде беше тренер до 2020 година.

Митревски и Порто и следната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампиони, ќе играат во групата Б против Висла, Веспрем, Барса, Целје, Монпелје, ГОГ, Магдебург.

ПретходноАлкараз призна дека неговиот татко ги „шпиунирал“ тренинзите на Ѓоковиќ
СледноЛК-квалификации: “Лавовите“ на мегдан со силните Летонци!