Бледо, анемично, да не кажеме лошо, издание на фудбалерите на Шкендија во првото полувреме од дуелот со Хаверфордвест, и резултат од само 0:0. Шаља ја имаше супер шансата во 17.минута за 1:0, но не се снајде најдобро, се заканија и Цаке и Елези во 36. и 38.минута, но гол нема па нема.
Да, Шкендија ја има иницијативата, но далеку е тоа од некаква си игра со која треба да го “распарча“ анонимниот тим од Велс. Чинари е премногу во поле, недостига оној последен пас, навистина неочекувано издание на нашиот тим против Велшаните кои и тоа како се борат, гинат за секоја топка на теренот на овој прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра на Арената во Скопје.