Хари Кејн нема да се пресели во ПСЖ, тврди „Билд“. Иако претставници на парижаните беа во Лондон на средба со претседателот на Тотенхем Даниел Леви, ставот на самиот играч останува непроменет и тој сака кариерата да ја продолжи во Баерн.
Кејн им даде збор на Баварците и во клубот се убедени дека тој ќе го одржи истиот. 29-годишниот напаѓач смета дека токму со Баерн има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите.
Тотенхем веќе одби две понуди од германскиот гигант за својата голема ѕвезда, но на „Алијанц Арена“ веќе се подготвува трета. Личните услови на Кејн не се проблем и двете страни веќе се договорија за нив.