Ако ова е штедење: Барса го официјализираше Вили Хернангомез

149

Кошаркарскиот клуб Барселона го официјализираше доаѓањето на шпанскиот репрезентативец Вили Хернангомез од Њу Орлеанс Пеликанс.

Реал Мадрид до полноќ имаше право да ја израмни понудата на Барселона за овој кошаркар, бидејќи не го направија тоа, МВП на минатогодишниот Евробаскет и официјално стана новиот играч на Каталонците.

Тој потпиша тригодишен договор и според најавите неговата годишна плата е меѓу 3.000.000 и 4.000.000. Кога се знае дека почнаа со мерки за штедење, би се рекло дека тоа навистина не спаѓа во тоа…

За седум сезони во НБА-лигата одигра вкупно 344 натпревари, во просек постигнуваше по 7,2 поени, а имаше и 5,5 скока.

ПретходноКога ќе се јави најголемиот: Партизан е фаворит во трката за Миротиќ
СледноАлкараз призна дека неговиот татко ги „шпиунирал“ тренинзите на Ѓоковиќ