Алкараз призна дека неговиот татко ги „шпиунирал“ тренинзите на Ѓоковиќ

1372

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека е незадоволен од недостатокот на приватност на Вимблдон бидејќи не може целосно да се опушти на тренинзите поради големиот број луѓе кои го следат. Нему не му пречат фановите, туку блиски луѓе на неговите противници.

Ноле отворено призна дека не му се допаѓа тоа што таткото на Карлос Алкараз го прекршил фер-плејот и на тој начин го снимил неговиот тренинг, каде можеби ќе можел да види како се подготвува за потенцијално финале против неговиот син.

Шпанските медиуми го обвинија Ѓоковиќ дека ја измислил целата приказна, но Алкараз призна дека тоа е вистина. Шпанскиот тенисер дури од трет обид го разбра прашањето.

„Да, веројатно е вистина. Татко ми е голем љубител на тенисот. Не само што ги гледа моите натпревари, тој пристигнува во комплексот Вимблдон во 11 часот наутро и оди во хотел во 10 навечер. Ги гледа натпреварите, ги гледа тренинзите на сите тенисери… За него е искуство да се гледа тренингот на Ѓоковиќ, па веројатно го снимал тренингот“, рече младиот тенисер, кој потенцираше дека снимките од неговиот татко не се предност за него, бидејќи за Ноле има многу поважни видео-снимки кои ќе му служат за подобра подготовка. 

ПретходноАко ова е штедење: Барса го официјализираше Вили Хернангомез
СледноМитревски доби нов тренер!