Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Анхелињо е најновото засилување за екипата на Галатасарај. Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити заминува во Турција на позајмица, објави официјалниот сајт на турскиот клуб.
26-годишниот Шпанец е на позајмица до крајот на сезоната 2023/24, а во неговиот договор има вклучена опција за откуп.