Астон Вила го спасува Де Кетеларе од маките во Милан

255

Откако одигра разочарувачка сезона во тимот на Милан, белгискиот интернационалец Шарл Де Кетеларе е подготвен по само една сезона мината во Милано да си замине во друг клуб. Иако Милан за него плати солидни 35 милиони евра и го доведе од Бриж сепак, 22. годишниот офанзивец не успеа да се прилагоди во Италија, па постигна само еден гол.

Од овие маки најверојатно ќе го спаси тимот на Астон Вила кој е подготвен да исплати 25 милиони и да го доведе во Бирмингем.

Милан бара пет повеќе но како што изгледа лесно ќе најде заеднички јазик со заинтересираната страна се со цел да се ослободи од играчот кој очигледно нема намера да го задржи во иднина.

 

ПретходноБожиноски во стручниот штаб на РК Прилеп
СледноСтрашно: На шест години бев сексуално злоставуван, на седум пропушив, а на осум бев дилер на дрога…(ВИДЕО)