Василев: За победа против Британија потребна е цврста одбрана

330

Репрезентацијата на Македонија У20, успешно ја заврши првата фаза од Европското првенство од „Б“ дивизија што деновиве се одржува во Скопје. Нашите млади кошаркари како првопласирана екипа во групата влегуваат во борбата за медалите, и места кои носат промоција во „А“ Дивизијата“.

А како прв противник во нокаут-фазата, онаа четвртфиналната, ќе биде селекцијата на Велика Британија.

Натпреварот се игра утре, од 18.30 часот во салата на СРЦ „Кале“, а селекторот Никола Василев, како и пред секој меч, е максимално внимателен:

Одигравме четири натпревари досега, и со секој нов меч растевме, и секој од нив беше посебна битка. Кажав и пред почетокот на првенството дека Чешка е еден од фаворитите и тоа се оствари, тој дуел го загубивме, но потоа фативме некоја форма и остваривме три победи по ред. Задоволен сум од прикажаното и со нетрпение го очекуваме она што следува“- потенцира селекторот по истекот на првиот дел од првенството.

Сите кошаркари се максимално подготвени за наредните предизвици на турнирот во Скопје.

Мислам дека клучот за успехот на мечот против Велика Британија ќе биде само добрата одбрана. Се надевам дека со добра игра ќе се вмешаме во борбата за медалите и ќе ја оствариме најголемата цел на ова првенство, пласман во А-дивизијата. Би сакал да ги поканам љубителите на кошарката и навивачите, утре во 18.30 часот да дојдат во ‘Кале’ и да ни дадат поддршка на патот кон полуфиналето“- вели Василев.

ПретходноЛиверпул има нова “деветка“! (ФОТО)
СледноЕвропскиот вицешампион го претстави новиот дрес, но и новиот спонзор! (ФОТО+ВИДЕО)