Интер го објави трансферот на голманот на Губио, Рафаел Ди Џенаро.
Ди Џенаро имаше 20 „суви мрежи“ и беше прогласен за најдобар во Групата Б од Серија Ц (Третата лига на Италија).
Овој голман се враќа на „Џузепе Меаца“. Беше дел од „нероаѕурите“ 17 години (од 2002 до 2019 година) но не заигра за првиот тим. Беше позајмуван во Читадела, Латина, Тернана, Специја. Пред четири години го напушти миланскиот клуб како слободен играч и играше за Катанцаро, потоа за Пескара. Во 2022/23 беше именуван за прв голман на Губио и одигра 35 натпревари.