ИОК: Русија и Белорусија нема да добијат покани за настап на ЛОИ Париз 2024

94

Олимписките комитети на Русија и Белорусија нема да добијат покани од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за Летните игри 2024 година во Париз, објавија од организацијата.

„Поканите за 203 национални олимписки комитети (НОК) ќе бидат испратени на 26 јули 2023 година. Од наведените причини, тие нема да ги вклучуваат НОК на Русија и Белорусија, како и НОК на Гватемала, кој останува суспендиран“, се вели во публикацијата.

Според соопштението на ИОК,  ќе одлучи за учество на спортисти од Русија и Белорусија „во соодветно време, по сопствено наоѓање и без повикување на резултатите од претходните олимписки квалификациски натпревари“.

ПретходноНеочекуван потег: Јувентус го избрка Бонучи!
СледноЛК: Шкендија едвај до победа против анонимусот од Велс, главоболки за тренерот Нухиу! (ФОТО+ВИДЕО)