Кикер: Опенда е замената на Нкунку во РБ Лајпциг

78

Како што пишува денешното издание на претстижниот Кикер, тимот на Ред Бул Лајпциг во своите редови го доведува репрезентативецот на Белгија, Лоис Опенда како замена за штотуку заминатиот Кристогер Нкунку кој летово премина во Челзи.

Досегашниот напаѓач на Ленс доаѓа во Лајпциг како најскапо засилување на овој клуб, а Ред Бул за него ќе потроши 38 милиони евра плус бонуси. Овој трансфер го надминува оној на унгарезоц Собозлаи за кого беа потрошени 36 милиони евра.

Со ова Ред Бул го решава прашањето за напаѓач, откако го продаде Нкунку во Челзи и заработи фантастични 30 милиони евра.

Опенда има 23 години играше и за Стандард, Клуб  Бриж и Витезе, има потекло од Мароко, а интересно е дека како проект на белгискиот национален тим, во дресот на оваа репрезентација што младинска што сениорска има досега забележано преку седумдесет настапи.

 

ПретходноВардар не се шегува: Договорени се Брдаровски, Демири, Матеус…
СледноХендерсон ја прифати понудата на Ал Итифак, ќе му биде соиграч на Велковски!