Драмата околу кошаркарот Никола Миротиќ продолжува. Тој се уште не го раскинал договорот со Барселона и се уште не е познато во чии редови ќе настапува следната сезона, но сепак грчки новинар од порталот „СДНА“ истакнува дека Партизан е фаворит за негов потпис.
Се споменуваа Олимпијакос, Монако, Панатинаикос, Олимпија Милано, Црвена звезда и Партизан, а Миротиќ наводно во изминатите денови најавил дека сака да се приклучи во црно-белиот табор. Тој се двоумел се до еден повик од Жељко Обрадовиќ, по кој донел одлука со која ќе направи тектонски промени во кошаркарска Европа.
„Случајот Миротиќ е без преседан. Од моментот кога Барселона реши да го раскине договорот со него, тој беше понуден на половина од евролигашките клубови, а тој без нервози чисти боранија. Се додека не се јави… И сите знаат што се случува кога ќе се јави најголемиот. Затоа сега Партизан е голем фаворит за потпис на Миротиќ“, напиша грчкиот новинар.
Η υπόθεση Mirotic δεν έχει προηγούμενο.Απ’τη μέρα που βγήκε οτι τ διώχνει η Barca,έχει “κλείσει” στη μισή EL κι εκείνος καθαρίζει φασολάκια,ατάραχος.
Μέχρι που δέχτηκε μία κλήση.Κι όλοι γνωρίζουν τι συμβαίνει όταν καλεί ο μεγάλος.Η Partizan είναι το μεγάλο φαβορί για τον Mirotic.— Sh⭕t Vetakis (@TheShot71) July 12, 2023