Ливерпул има нова “деветка“! (ФОТО)

599

И официјално денеска Ливерпул, преку своите социјални мрежи објави дека тимот има нова “деветка“.Имено по заминувањето на Роберто Фирмино, дресот со бр.9 остана слободен, а него го доби, се разбира и со одобрување на стратегот Јирген Клоп, Дарвин Нуњез. Уругваецот кој минатото лето дојде за рекордни 100 милиони фунти од Бенфика, но искрено не ги оправда очекувањата.

Сега Клоп му ја даде “деветката“ со цел Дарвин да добие допилнителна мотивација, јасно е дека тој број на дресот е доста тежок.

Инаку Дарвин во својата прва сезона го носеше дресот со бр.27.

Image

ПретходноМладинскиот репрезентативец Данев потпиша професионален договор со Работнички!
СледноВасилев: За победа против Британија потребна е цврста одбрана