Факт е дека Шкупи сака што подолго европско лето, амбициите се тие. Чаирчани имаат квалитет, имаат и искуство од лани кога играа шест осум европски средби, но исто така факт е дека нашиот претставник во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции има силен ривал, а тоа е Хегелман од Литванија. Тим кој што и како мора да се респектира, без разлика што историјата вели дека досега ниту еден наш тим не бил елиминиран од Литванците. Еве и Струга ТЛ звачера не загуби во Вилнус.
Мечот во Каунас на стадионот “Дариус и Гиренас“ попладне започнува во 19 часот, судија ќе биде Менелаос Антониу од Кипар.
Проблемите со визата на Валид Хамиди секако дека се незгодни, станува збор за еден од најдобрите играчи на Шкупи, но реално стратегот Чихат Арслан има долга клупа, доволен квалитет за да најде адекватна замена по таа лева офанзивна страна каде обично „оперира“ Алжирецот.
Шкупи по денешните први минути во Каунас би бил задоволен со резултат кој ќе му даде шанса за да во реваншот на Арената во Скопје следниот четврток со помош од својата верна публика да излезе од овој двомеч како севкупен победник.
А потоа се знае, ривал во евентуалното 2.квалификациско коло е Левски Софија, тоа би било едно убаво мини – балканско дерби за мерак.
Сепак, прво треба да се мине оваа прва пречка, која се вика Хегелман.