ЛК: Македонија ЃП поразена среде Скопје, на реваншот во Рига ќе се бара сензација! (ФОТО)

793

Прв меч и веднаш пораз и тоа среде Скопје за Македонија ЃП по првите 90 минути од двомечот со РФС од Летонија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. “Лавовите“ се поразени со 0:1, во лошо прво полувреме, но и сосема солидно второ со неколку шанси за гол, но сепак на реваншот во Рига ќе се патува со минус, и таму ќе се бара сензација и пласман во следната рунда.No description available.

Инаку овој меч почна бледо, споро, со никаков ритам, и разбирливо ако се знае дека беше пеколно топло. Единствено интересно беше тоа што се повреди гостинскиот голман Неругалс по една интервенција, па мораше нешто подоцна да биде заменет со Штеинборс во таа 19.минута. Во 23.минута РФС прв се закани преку Мараш, но неговиот шут од слободен удар заврши покрај голот. Седум минути подоцна Маркиев од десно шутираше кон голот на Стевковски, но сепан “лавовите“ имаа среќа.No description available.

Но немаа среќа во 34.минута кога по асистенцијата на Коуадио, Илиќ се најде на вистинското место за водство на РФС со 0:1. До крајт на првиот дел тој имаше уште една шанса, место во мрежата, топката заврши во пречката.

Македонија ЃП тотално немоќна во оваа фаза од средбата.No description available.

ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ СЕ ЗАКАНУВААТ….

На почетокот од второто полувреме “лавовите“ се обидоа да се наметнат, да искреираат акција за некоја шанса. Нема што, мораше да се тргне во напад, немаше што да се чува. Но се беше бадијала. Сепак Македонија ЃП почна нешто да игра.

Во 59.минута конечно и “лавите“ се заканија. Стојкоски центрираше од корнер, а Фазли со удар со глава шутираше над голот на Летонците. Штета, ова можеше да биде и тоа како шанса за израмнување.

На другата страна гостите од контри и полуконтри се обидуваа да дојдат до нов гол, до удвојување на водство. Но безуспешно.No description available.

Затоа Македонија ЃП преку Самаке во таа 68.минута можеше да израмни, само среќа за РФС. И повторно среќа, кога во 75.минута Фазли опасно шутираше, но за малку покрај голот.

Во 90+2. минута Коуадио ја погоди пречката, малку недостигаше за 0:2 за РФС.

1.квалификациско коло во ЛК – прв меч

МАКЕДОНИЈА ЃП (МКД) – РФС РИГА (ЛЕТ) 0:1 (0:1)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Микел Редер (Данска). Стрелци: Илиќ 34. (РФС). Ж. Картони: Мишевски (МАК),Пренга (РФС).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Попзлатанов, Мишевски, Илиевски, Алексовски (66. Пецов), Стојков, Стојкоски, Самаке (83. Сековски), Јаго, Скендери (60. Карачанаков), Фазли (83. Басит).

РФС РИГА: Неругалс (19. Штеинборс), Савалниекс, Пренга, Липушчек, Мареш (74. Зеленковс), Маркиев, Паниќ, Диоманде, Коуадио, Сантана (74. Икануиекс), Илиќ.

ПретходноРеџина исфрлена од Серија Б
СледноОФИЦИЈАЛНО: Пулишиќ во Милан го одбра бројот 11 кој го носеше Ибрахимовиќ