Покрај неколкуте потписи и нови имиња во изминатите неколку денови, денеска од ФК Работнички објавија дека го “врзале“ својот талент Димитар Данев со тригодишен професионален договор. Данев е младински репрезентативец на Македонија, еден од оние од кои Работнички очекува многу.
Данев иако има само 17 години веќе извесно време тренира со првиот тим на Работнички и во наредниот период ќе се обиде да се наметне кај стручниот штаб на чело со Милан Илиевски.