Италијанските медиуми вечерва објавија дека Јувентус го известил Леонардо Бонучи дека повеќе не е дел од тимот и е исклучен од нивната претсезонска турнеја.
Веќе имаше гласини утрово дека Бонучи можеби нема да патува со тимот на Макс Алегри на нивната турнеја низ САД. Тој беше решен да го врати своето место во тимот, или барем да делува како капитен од клупата и внатре во соблекувалната. Сепак, сега новиот директор Кристијано Џунтоли лично го известил Бонучи денеска дека тој не е дел од нивните планови и дека ќе биде изоставен од тимот.
Тоа практично значи дека тој нема да биде регистриран како играч на Јувентус и нема да му биде дозволено да учествува на тренинзите со остатокот од тимот. Тоа го принудува 36-годишниот дефанзивец или да најде друг клуб или да се пензионира предвреме.