Фудбалерите на Шкупи имаат причини за радост и задоволство. Победата од 5:0 на гостувањето во Литванија кај Хегелман веќе со две нозе ги носи во 2. коло. Вечерва по мечот испратија поздрав до своите навивачи и порака полека да се подготвуваат за нов двомеч во Конференциската лига, овој пат против бугарскиот великан Левски.