Полувреме: Бледа, анемична Шкендија…на Арената само 0:0!

286

Бледо, анемично, да не кажеме лошо, издание на фудбалерите на Шкендија во првото полувреме од дуелот со Хаверфордвест, и резултат од само 0:0. Шаља ја имаше супер шансата во 17.минута за 1:0, но не се снајде најдобро, се заканија и Цаке и Елези во 36. и 38.минута, но гол нема па нема.

Да, Шкендија ја има иницијативата, но далеку е тоа од некаква си игра со која треба да го “распарча“ анонимниот тим од Велс. Чинари е премногу во поле, недостига оној последен пас, навистина неочекувано издание на нашиот тим против Велшаните кои и тоа како се борат, гинат за секоја топка на теренот на овој прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра на Арената во Скопје. 

Претходно„Покер“ на Цефас, Шкупи одличен во Литванија, Левски доаѓа во Скопје (ВИДЕО)
СледноНеочекуван потег: Јувентус го избрка Бонучи!