Спортинг Лисабон направи рекорден трансфер

1181

Спортинг Лисабон на својата интернет страница објави дека го реализирале трансферот на напаѓачот Виктор Јокерес кој доаѓа од англискиот Ковентри Сити. 25-годишниот шведски напаѓач потпиша договор со Спортинг до летото 2028 година.
Неофицијално, трансферот на Јокерес ќе го чини Спортинг 20 милиони евра плус 4 милиони во бонуси што е клупски рекорд. Претходниот рекорден трансфер изнесуваше 16 милиони евра за трансферот на Паулињо од Брага во сезоната 2020/21.
Инаку Јокерес запиша 46 настапи за Ковентри минатата сезона во сите натпреварувања со ефект од 21 гол и 10 асистенции.
Јокерес е поранешен играч на Бромапојкарна, Ст.Паули и Свонси. За Шведска има 14 настапи.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Пулишиќ во Милан го одбра бројот 11 кој го носеше Ибрахимовиќ
СледноКампацо и официјално си замина од Црвена Звезда