Некогаш важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, и не само во Англија. Имаше сосема солидни кариера во времето кога играше за Тотенхем, беше и репрезентативец на Англија, но сепак сега е далеку од светска слава.
А можеше да биде еден од најголемите…
Но, така е тоа во фудбалот. Еден погрешен потег и се ќе оди по ѓаволите.
Се разбира дека тука мислиме на Деле Али. Сега со 27 години се смета за фудбалски пропаднат.
Во едно од последните интервјуа, тој кажа нешто што навистина тешко може да се опише, за тоа какво детство имал.
Страшно…
“Кога имав шест години бев сексуално злоставуван, мајка ми беше алкохоличарка. На седум години пропушив, а на осум бев дилер на дрога. Кога имав 11 години еден тип ме бесеше на мост, просто висев. Потоа ме усвои едно семејство, тоа беше кога имав 12 години“ кажа Деле Али и продолжи…
“Кога се вратив од Турција дознав дека треба да одам на операција. Психички бев во лоша состојба и морав да одам во специјализирана установа...“ рече покрај другото тој.
– Alcoholic mom
– Molested by his mom's friend at 6
– Started smoking at 7
– Started dealing drugs at 8 (selling)
– Hung off a bridge at 11
– Adopted at 12Emotional and powerful interview from Dele Alli.
Wishing him the best going forward. ❤️pic.twitter.com/9haKf66RzQ
— UF (@UtdFaithfuls) July 13, 2023