Вардар не се шегува: Договорени се Брдаровски, Демири, Матеус…

8454

Новото раководство на Вардар очигледно е дека не се шегува. Имено “Комитите“ прават натчовечки напори да го стабилизираат нашиот најтрофеен клуб пред се финансиски, а воедно се преговара и со играчи како би го засилиле тимот.

Па така покрај Педрињо, за кого “Спортмедиа“ уште пред два дена пиша дека доаѓа во Вардар, договорени биле и Владица Брдаровски, потоа Бесир Демири, тие двајцата се повратници во Вардар, како и Матеус Лемос кој до пред некој ден беше дел од Македонија ЃП.

Покрај овие имиња се шпекулира дека на пат кон Вардар се уште неколку. Очигледно е дека Вардар сепак ќе има респектабилен состав во новата сезона во ПМФЛ, каде што се врати по две години пауза и каде што му е местото.

ПретходноЛК-квалификации: Велшаните ќе бидат само загревање за Шкендија во походот кон групната фаза!
СледноКикер: Опенда е замената на Нкунку во РБ Лајпциг