Садио Мане сигурно нема да биде дел од составот на Баерн Минхен во новата сезона, тврди „Кикер“. Сенегалскиот напаѓач веќе е информиран од раководството на клубот дека нема да се смета на него.
Мане пристигна минатото лето од Ливерпул, но не ги оправда големите очекувања. Тој пропушти дел од сезоната поради повреда, а потоа влезе во скандал со удирање на соиграчот Лерој Сане.
31-годишниот Сенегалец е меѓу најскапите фудбалери во Баерн, што е и една од причините поради која бара купувач. Мане има понуди од Саудиска Ал-Нaср и Ал-Итифак, но не е јасно дали би се согласил да ја продолжи кариерата надвор од Европа.
Договорот на напаѓачот со Баварците е до 2025 година.