ЛК: Шкендија едвај до победа против анонимусот од Велс, главоболки за тренерот Нухиу! (ФОТО+ВИДЕО)

2142

Шкендија – Хаверфордвест 1:0 е епилогот од првиот дуел од двомечот во 1.квалификациско коло во ЛК. Да, Шкендија победи, но остануваат главоболките за тренерот Ардијан Нухиу. Да, Шкендија победи, но со ваквото издание, ваквата игра едноставно Шкендија може само да ја сонува групната фаза од ЛК. Стрелец беше Шаља во 47.минута.

Тетовци не одиграа според очекувањата, никако. Притискаа, ја имаа иницијативата, но тоа некако беше бледо, анемично.No description available.

Да се надеваме дека на реваншот ќе биде подобро од ова издание вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Првото полувреме беше за заборав. Бледо, никакво издание на Шкендија. Навистина несфатливо, како првпат да играа момците на стратегот Нухиу еден европски меч, а посебно ако се знае дека играа против тоталниот анонимус од Велс.

Шаља имаше супер шанса во 17.минута, малку недостигаше за водство, потоа се заканија и Цаке и Елези, но на пауза се замина со неверојатни 0:0.

Навистина немаше што да се види од Шкендија која на овој меч, па и двомеч, влезе како апсолутен фаворит.No description available.

ГОООЛ…ШАЉА ЗА ВОДСТВО НА ШКЕНДИЈА

И само што започна второто полувреме, Шкендија поведе и тоа со голот на Аденис Шаља кој во 47.минута по асистенцијата на Лимани ја затресе мрежата на Велшаните за 1:0 за нашиот евро претставник. Секако дека сега полесно може да се дише. Во продолжение Чинари се закани кај Шкендија а Вотс кај гостите од Велс.No description available.

Нешто подобра игра на тетовци, но пак тоа е далеку од тоа што се очекуваше.

Следуваше големата шанса на Красниќи во 65.минута, беше сам пред госитинскиот голман, но биеше млако и тоа беше лесн плен за Џонс. Штета, ова требаше да биде 2:0.

Во продолжение и Чинари шутираше, но покрај голот. Некоја минута подоцна и Тотре шутираше, но и тој ја затресе мрежата на Џонс, потоа и Красничи беше во шанса, но и натаму резултатот беше само 1:0.No description available.

1.квалификациско коло во ЛК – прв меч

ШКЕНДИЈА (МКД) – ХАВЕРФОРДВЕСТ (ВЕЛ) 1:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Џое Коииј (ХОЛ). Стрелци: Шаља 47. (ШКЕ) Ж. Картони: Реџепи, Ќака, Адили (ШКЕ).

ШКЕНДИЈА: Талески, Реџепи (60. Велија), Лимани, Адили, Цаке, Красниќи, Ќака, Тотре, Елези (60. Аганспахиќ), Шаља (86. Максимов), Чинари.

ХАВЕРФОРДВЕСТ: Џонс, Ричардс, Џенкинс, Борг, Вилсон (30. Ватс), Вајтмор, Овен, Абрузесе, Фосет, Тејлор – Кросдејл (79. Дајер), Хокинс.

ПретходноИОК: Русија и Белорусија нема да добијат покани за настап на ЛОИ Париз 2024
СледноИнтер потпиша со најдобриот голман во Третата лига